1,3K
Кун Агуеро на
дуелот против Алавес се пожали на болки во градите и потешкотии во дишењето па веднаш
беше пренесен во болница. Тестовите покажаа дека се работи за аритмија а
Барселона соопшти дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци.
Сепак, Радио
Каталуња сега пренесе дека новите тестови покажале дека проблемот е посериозен
од она што се веруваше во прв момент и докторите веќе го известиле Аргентинецот
дека можеби ќе биде принуден да стави крај на кариерата.
Во моментов ништо
не е дефинитивно, Кун Агуеро ќе продолжи да добива терапија, докторите
внимателно ќе ја следат неговата ситуација и ќе се направат нови тестови кои ќе
дадат појасна слика.