Интер постави рок за решение на случајот со Брозовиќ, но не е заинтересиран за продажба во јануари

by
1 минути читање

„Газета дело
Спорт“ известува дека голема е веројатноста Марсело Брозовиќ да си замине од
Интер како слободен фудбалер на трансфер пазарот по крајот на актуелната
сезона.

Тоа би можело да
се случи доколку во следните два месеци Хрватот не стави потпис на нов договор
со „Нероаѕурите“, кои наводно му поставиле ултиматум на фудбалерот од средниот
ред.

Се верува дека
клубот од Милано си поставил рок за Брозовиќ, со тоа што во случај да не
потпише нов договор до крајот на актуелната календарска година, тој нема да
остане на „Сан Сиро“, но од таму не сакаат да влијаат на работата на Симоне
Инзаги, па нема да брзаат во овој случај, ниту пак се заинтересирани за
продажба на Хрватот во јануари.

„Газета дело
Спорт“ подвлекува дека ПСЖ и Атлетико Мадрид се сериозно заинтересирани за
Хрватот, меѓутоа постои интерес уште и од Тотнем, но и Њукасл. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×