Џанлука Ди Марцио
од „Скај Спорт Италија“ извести дека напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ
преку своите агенти ги одбивал повиците од Арсенал, откако Премиерлигашот
тргнал во конкретни контакти за ангажман на српскиот напаѓач.
Овој пат
специјалистот за трансфери, тврди дека Арсенал своето внимание сега го
пренасочил кон несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски од
Јувентус.
Ди Марцио
известува дека „Топчиите“ очајно посакуваат својот тим да го засилат со
фудбалер од Серија А во јануарскиот преоден рок, а останува отворено прашањето
дали тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри ќе даде зелено светло за
продажба на Кулушевски.
Поранешниот
младински репрезентативец на Македонија, 21 годишниот Кулушевски во Јувентус
дојде по трансферот од Аталанта кој чинеше 35 милиони евра, а тоа што е
интересно се шпекулациите кои клубот од Торино силно го поврзуваат со Влаховиќ.
Arsenal have inquired about the possibility of signing Juventus midfielder Kulusevski. [@DiMarzio] #afc pic.twitter.com/v8LwiSrpMQ
— DailyAFC (@DailyAFC) November 11, 2021