Агентот на Инсиње, Винченцо Писакане откри дека Наполи му нуди плата која е за 50 проценти помала од тоа што сега го заработува Инсиње, тоа е неприфатливо за фудбалерот.
Поради пандемијата на коронавирус која создаде финансиски потешкотии, клубовите гледаат да ги редуцираат платите, но Инсиње нема да прифати двојно помала плата.
„Мојот однос со Де Лаурентис е одличен, но морам да кажам дека понудата на Наполи е за 50 проценти помала од актуелниот договор. Јас сум агент и морам во секое време да го бранам капитенот“, вели агентот Писакане.
„Вообичаено нудите повеќе пари кога сакате да му го продолжите договорот на некој. Само видете го третманот на фудбалерите кои ги продолжија договорите пред Лоренцо“.
Интер, Челси и Барселона се меѓу клубовите кои се најзаинтересирани за Инсиње.