Кимих може скапо да плати поради тоа што не сака да се вакцинира

by
1 минути читање

Џошуа Кимих неодамна откри дека не е вакциниран против ковид-19, ѕвездата на Баерн објасни дека не е активаксер и едноставно е загрижен поради тоа што нема доволно долгорочни студии.

Ваквиот потег сега може скапо да го чини, Џошуа Кимих нема да може да игра фудбал во следните десетина дена поради контакт со Никлас Зуле, кој е позитивен на ковид-19.

Според протоколите, Џошуа Кимих мора да оди во карантин бидејќи не е вакциниран, истото важи и за Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Карим Адејеми. За разлика од нив, Мануел Нојер, Томас Милер, Лерој Сане и Леон Горецка се вакцинирани па ќе останат дел од репрезентацијата на Германија.

Според законите во Германија, од 1. ноември, работодавците не се обврзани да им исплаќаат плата на работниците кои не се вакцинирани а мора да одат во карантин.

Како што пренесува Спорт1, доколку Баерн Минхен реши да се повика на овој закон за една недела ќе заштеди 740.000 евра со тоа што нема да ги плаќа Џошуа Кимих, Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Чупо Мотинг

Можно е и ова да ти се допаѓа

×