Њукасл го купува Рабио на „попуст“, прва желба е Азар, а интерес има и за Дембеле, Брозовиќ…

by
1 минути читање

Њукасл на големо
се подготвува за активностите во јануарскиот преоден рок, а се чини дека клубот
од „Сент Џејмс Парк“ би можел најпрво да го ангажира Адриен Рабио од редовите
на Јувентус.

Французинот е
стандарден во составот на „Старата дама“, со тоа што во новата сезона досега
запиша 11 настапи во сите конкуренции, а моментално најбогатиот клуб на светот
може да го купи фудбалерот од средниот ред на попуст.

„Калчомеркато“
известува дека Рабио може да биде првото засилување за Њукасл во јануарскиот
преодеон рок, а наводно трансферот би можел да биде реализиран за околу 12.8
милиони фунти.

Сепак, голема и
прва желба на новото раководство на Њукасл е Еден Азар од Реал Мадрид,
поранешниот член на Челси кој имаше блескави перформанси во Премиерлигата, но
се верува дека Белгиецот не е среќен во редовите на „Кралскиот клуб“.

Интерес има и за
Осман Дембеле од Барселона, чиј договор со Каталонците истекува идното лето, а
новиот тренер на клубот од „Камп Ноу“, Чави јасно порача дека клубот мора по
секоја цена да му го продолжи договорот на Французинот.

Фудбалерот на
Интер, Марсело Брозовиќ исто така е во завршниот период од својот договор со
Интер, па и тој е на листата на желби на Њукасл, а се верува дека „Нероаѕурите“
идната седмица ќе имаат средба со Хрватот за продолжување на соработката, за
што клубот од Милано на фудбалерот му нуди годишна плата од 5.5 милиони евра,
но тој наводно бара 6.5 до 7 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×