„Никогаш немој тоа да си ми го кажал доколку сакаш да ми бидеш агент“

by
1 минути читање

Герет Бејл е на
повидок да го запише својот 100 настап во дресот на својата национална
репрезентација Велс, а познато е колку му значат настапите за својата држава од
поодамна, а дека е така потврди и неговиот агент Џонатан Барнет.

Од првиот ден
кога го запознав него и неговиот татко, тие обајцата ми објаснија колку е
посебен Велс во нивните животи
“ рече Барнет.

Кога
разговаравме првиот пат, тој имаше можност да игра за Англија, само кратко ми
коментираше
: ‘Доколку сакаш
да ми бидеш агент, немој да ми го спомнуваш тоа повторно!
“ додаде тој.

Тој е голем
фанатик за Велс, доколку успее да се пласира на Светското првенство со својата
национална репрезентација, тоа ќе биде негово крунисување
“ подвлече Барнет.

Во досегашниот
тек од мундијалските квалификации, Велс е на делба на второто место заедно со
Чешка со по 11 бода во конкуренцијата „Е“ на две кола до крајот, но Чесите
имаат меч повеќе од својот ривал, што отвора голема шанса за Велс да се избори
за место во плејоф рундата од квалификациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×