Босанците го игнорираат барањето на Интер за Џеко

by
1 минути читање

Асистентот во
стручниот штаб на Босна и Херцеговина, Елвир Рахимиќ признава дека Интер не
сака да ризикува со Един Џеко, но тоа според него е смешно, доколку напаѓачот е
подготвен, треба да игра, смета тој.

Ние се надеваме
дека Џеко е подготвен, а тој на одличен начин се подготвува за претстојните
натпревари, со тоа ние веруваме дека ќе може да игра
“ рече Рахимиќ.

Во Интер не
сакаат да ризикуваме со Џеко, но тоа е смешно, доколку Џеко е подготвен, тогаш
тој ќе игра
“ додаде тој

35 годишниот
напаѓач излезе од игра на големото дерби со Милан во 76 минута, за што се
тврдеше дека станува збор за одредени проблеми со мускулатурата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×