Погба: Ќе се вратам посилен од било кога

by
1 минути читање

Пол Погба се
повреди на самиот старт на интернационалната пауза откако за време на тренинг
на националниот состав на Франција се здоби со повреда поради која мораше
веднаш да се врати во Манчестер.

Како и да е,
самиот Погба се одзва во јавноста по повредата, а 28 годишниот Французин најави
дека ќе се врати посилен на терените.

Како што можете
да видите, јас сум повреден, се надевам дека не е нешто лошо, претстојниве
денови ќе следат дополнителни скенирања на оваа повреда за да се утврди колку е
истата сериозна
“ напиша Погба во пораката на социјалните мрежи.

Ние сме тука, но
ќе се вратиме посилни, вие веќе го знаете тоа, ние не губиме верба, ние не ја
губиме позитивната атмосфера, продолжете со насмевките, се
се случува со причина, ќе се вратиме, а ќе
продолжиме понатаму, ви благодарам на поддршката, ви испраќам љубов на сите

додаде Французинот. 

Првичните информации говорат дека за него оваа календарска година е завршена, со тоа што постојат дури и шпекулации дека Манчестер јунајтед може да го „замрзне“ 28 годишниот фудбалер на клупата за резерви со оглед на фактот што актуелниот договор му истекува идното лето, а нема никакви сигнали дека ќе стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×