Според пишувањата
на „Газета дело Спорт“, Жозе Мурињо е на некој начин погоден поради
назначувањето на Антонио Конте за нов тренер на Тотнем, клуб кого Португалецот
го предводеше пред Нуно Еспирито Санто.
„Специјалниот“
има одредени проблеми како шеф на стручниот штаб на Рома со кои треба да се
соочи откако освои само една победа во Серија А од последните пет натпревари,
но раководството на клубот од Рим не размислува за негов отказ.
Како и да е, „Газета
дело Спорт“ известува дека една од причините поради кои Мурињо не е во добро
расположение наводно е токму назначувањето на Конте за нов тренер на „Спарси“.
Извори блиски до
португалскиот фудбалски стратег за италијанскиот медиум наводно откриле дека
Мурињо не бил рамнодушен откако ја видел одлуката на првиот човек на Тотнем,
Даниел Леви да го назначи Конте за нов тренер на Премиерлигашот.
Во текот на
своите тренерски кариери, Мурињо и Конте беа предводници на Челси, Интер, а
сега и Тотнем, а обајцата никогаш не беа во добри односи, а често имаа и
конфронтации крај аут линијата во текот на дерби пресметките помеѓу Манчестер
јунајтед и Челси.
La #Roma tradita: dagli arbitri ai titolari aspettando gennaio https://t.co/M8hAv9KBuf
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 9, 2021