Барселона разгледува три опции за напаѓач од Премиерлигата

by
1 минути читање

Агуеро има проблеми со срцето, Лук де Јонг ќе биде вратен на Севиља поради лошата форма, па на Чави ќе му биде неопходно засилување во нападот и покрај тоа што се очекува враќањето на Бретвајт од повредата.

Според „Марка“, Барселона напаѓачот го бара во Премиерлигата во играчите кои не се стартери во нивните тимови. Пикирани се три опции.

Првата опција е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, идејата е тој да биде донесен на позајмица со можност да биде откупен.

Втората опција Единсон Кавани кој со доаѓањето на Кристијано Роналдо добива малку простор за игра. Уругваецот и минатото лето се поврзуваше со Барселона.

Третата опција е Тимо Веренер кој оваа сезона има одиграно само 388 минути во Премиерлигата, Ромелу Лукаку го зема неговото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×