143
Погба се повреди и прогнозите велат дека ќе биде надвор од теренот до крајот на оваа година.
Тоа значи дека од јануари ќе може да му биде на располагање на тренерот, но англиските медиуми предвидуваат дека тој ќе биде замрзнат од клубот и нема повеќе да настапува.
Договорот на Погба со Манчестер јунајтед истекува по крајот на сезоната, клубот веќе не е заинтересиран за продолжувањње на соработката со него, а и самиот тој сака да си оди.
28-годишниот фудбалер веќе од јануари ќе може слободно да преговара со други клубови, најверојана дестинација му е Јувентус.
Погба одлично ја започна сезоната, но како одминуваше времето формата му падна по што често мечевите ги почнуваше од клупата.