Трансфер експертот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Арсенал се обидува да го контактира Душан Влаховиќ но тој преку своите агенти ги одбива повиците.
Напаѓачот не сака да го продолжи договорот со Фиорентина, па виолетовите бараат купувач за него.
Арсенал е загреан за Влаховиќ, тие веќе имале состанок со Фиорентина и прифатиле да ја платат бараната сума од 80 милиони евра, но проблем сега е фудбалерот.
Топчиите не можат да го комплетираат трансферот бидејќи телефонските повици до Влаховиќ и неговите агенти завршуваат неуспешно, од таборот на фудбалерот не ни сакаат да разговараат со Арсенал.
Се претпоставува дека целта на Влаховиќ е да направи трансфер во Јувентус, можеби веќе и има некој вербален договор со италијанскиот гигант.