Патрис Евра и
Луис Суарез имаа епизода на дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул во 2011,
левиот бек обвини дека на расна основа бил навреден од напаѓачот.
Уругваецот ги
отфри обвинувањата, но беше казнат од ФА со осум натпревари суспензија. Неколку
месеци подоцна, двајцата одново се најдоа во фокусот на вниманието, откако Луис
Суарез одби да подаде рака и да се поздрави со Патрис Евра пред почетокот на
натпреварот.
Патрис Евра сега
открива дека сакал физички да се пресмата со Луис Суарез на улица во Манчестер,
но се повлекол кога видел дека напаѓачот е со својата сопруга и децата.
„Еден ден се
шетав во Манчестер, бевме во Динсгејт и мојот брат ми рече, „Ох, ене го Луис
Суарез“. Бев со двајца од моите браќа. Го погледнав, и се реков, „Тоа е тоа,
ова е моментот“. Кога се доближив, видов дека позади него се неговата сопруга и
децата. Се повлеков, си реков, „Ако му правиш нешто, не можеш пред неговото
семејство“. Па не жалам бидејќи ќе завршеше лошо. Тој ден не сторив ништо“ –
објаснува Патрис Евра.