Романија има бод повеќе од Македонија и Ерменија и најлесен распоред во последните две кола, го пречекува Исланд на домашен терен, а потоа гостува кај Лихтенштајн.
Македонија за да дојде до втората позиција треба да ги победи Ерменија и Исланд, но и да се случи кикс на Романија.
„Подготовките се одвиваат одлично. Има повеќе отсутни играчи што фалат, но тоа не смее да биде изговори, во Ерменија одиме да победиме. Иако не зависи се од нас, сепак имаме мала шанса и таа мала шанса ќе ја бркаме до крај“, вели Елмас.
„Треба да очекуваме меч со многу борба, треба да бидеме паметни, да покажеме жар на теренот, да покажеме дека сакаме да победиме бидејќи никогаш ништо не се знае, може и Романија да згреши па и со две победи да бидеме ние тие што ќе одат понатака“.
„Во претходните натпревари покажавме дека можеме да се надигруваме со сите и сега ќе одиме во Ереван и ќе покажеме дека повеќе го сакаме тоа второ место повеќе од Романија и Ерменија“.