Чави има јасни
идеи како да ја извади Барселона од серијата лоши резултати и веќе се направени
првите промени.
Фитнес тренерот
Алберт Рока е разрешен од функцијата, како и првиот човек на физиотерапвтите,
Хуанхо Брау. „Каталонците“ имаат огромен број на повреди, во моментов 11 играчи
се надвор од стројот, па Чави смета дека се неопходни промени во овој дел од
тимот.
Тој носи свои
луѓе од деверба, Карлес Ногвеира ќе биде нов прв човек на физиотерапевтите а Иван
Торес нов фитнес тренер, двајцата соработуваа со Чави во Ал Сад.
Се прават напори
и докторот Рикард Пруна да се врати во Барселона, но најпрво тој треба да се
ослободи од договорот со Шараџа во Обединетите Арапски Емирати.
Во меѓувреме, Барселона
во 11 часот почна да го одработува првиот тренинг под водство на Чави,
фудбалерите се појавија во тренинг центарот уште во 9 часот, односно два часа
порано. Останува да се види дали ова ќе биде една од промените, или пак се
работи за однапред договорено сценарио со цел тренерот да има шанса да се
сретне со фудбалерите пред да почнат со работа.