Лампард во Норич, Џерард во Астон Вила?

by
1 минути читање

Со години Џерард и Лампард беа ривали на теренот, а сега легендарните фудбалери на Ливерпул односно Челси би можеле да се соочат еден против друг во Премиерлигата.

„Гардијан“ тврди дека Френк Лампард синоќа имал првични разговори со Норич и тој е фаворит за тренерската позиција на овој тим.

Лампард е без работа откако беше отпуштен од Челси, на почетокот од 2021 година.

„Дејли Мејл“ објавува дека Астон Вила во текот на оваа недела ќе почне разговори со Глазгов Ренџерс за ангажман на Стивен Џерард.

Џерард со успех го води Глазгов Ренџерс па нејасно е каков ќе биде ставот на шкотскиот клуб, дали и за која сума ќе го пушти својот тренер да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани