За најголемите успеси потребна е огромна поддршка, а компанијата Mozzart ја поддржа неверојатната Мери Акиевска се до светскиот трон! Македонската и балканската шампионка донесе дури четири златни медали од 75тиот светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана.
Оваа бестрашна девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција!
“Голема Благодарност до компанијата Mozzart која виде во нас вредност и застана зад федерацијата како спонзор. Ќе го послушам мојот тренер и ќе верувам во неговоте зборови дека сето ова е само почеток на мојата кариера. Прекрасен почеток!“ – порача Мери.
Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати!
“Чувството не може да се опише со зборови, четири пати плачев од среќа! Прекрасно е сето тоа кое викендов го проживеав и доживеав, ќе остане секогаш врежано во моето срце. Патот до овој успех не беше лесен, ниту случаен. Голема заслуга за ова има мојот матичен клуб, Фитнес центарот Магнус од Скопје, каде под водство на мојот тренер Бобан Ѓороски три години систематски се подготвував за овој натпревар. Огромна Благодарност и до Агенцијата за млади и спорт.” – нагласи Акиевска, а низ насмевка додаде дека сега конечно може да се одмори и да касне вкусна храна.
Претседателот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски, во текот на потпишување на спонзорскиот договор со компанијата Mozzart јасно нагласи дека целта на светското натпреварување е освојување медал, а Мери донесе дури четири, и тоа најсјајни!
На Светското првенство во Шпанија учествуваа повеќе од 1.500 натпреварувачи од 102 држави, а Акиевска донесе на нашата земја неопислива радост.
“Уште пред тргнувањето на пат, рековме дека нашите двајца претставници за нас се веќе шампиони, бидејќи одат на најголемиот светски настан во својот спорт. Mozzart умее секогаш да препознае таленти и да поддржи колективи и федерации кои сјајно функционираат, односно создаваат шампиони. Благодарност до Мери што толку ја израдува нацијата, како и на другиот наш претставник Петар Богдановски за сјајниот настап. Веруваме дека во наредните години и тој ќе ни донесе медали.” – изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.