Фудбалерите на Манчестер јунајтед изненадени, Солшер заминал на одмор во Норвешка

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер
е под огромен притисок откако Манчестер јунајтед загуби уште едно големо дерби
и по поразот од 0-5 против Ливерпул, следеше и пораз од 0-2 против Манчестер
јунајтед.

Синоќа беше
објавено дека Норвежанецот полека ја губи соблекувалната и дел од фудбалерите
му го свртеле грбот. Медиумите од Англија продолжуваат да пишуваат на оваа тема
и пренесуваат дека играчите но и персоналот бил изненаден од последната одлука
на тренерот.

Имено, Оле Гунар
Солшер решил да даде една недела одмор и со своето семејство да се врати во Норвешка.
Ова е вообичаена пракса кога има пауза за репрезентативни настапи, но играчите
сметаат дека потегот е погрешен бидејќи Манчестер јунајтед во моментов е во голема
криза (шест порази на последните 12 натпревари).

Тие очекувале дека
по поразот од Манчестер Сити веднаш ќе се вратат на тренинг и ќе работат на
подобрување и поправање на грешките. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани