115
Довчерашниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу даде гол за Интер од пенал во големото градско дерби и го прослави со рецете на учи насочени кон навивачите на росонерите.
Потоа и на својот инстаграм профил објави видео од прославата и напиша: „Јас сум Хакан, јас сум Интер“.
Навивачите на Милан брзо му одговорија на Турчинот за големото непочитување кон нив и неговиот поранешен клуб.
Тие во градот закачија огромен транспарент на кој беше напишано: „Не е храброст да дадеш гол од пенал во 10. минута, туку да останеш со жена ти откако таа те изневерила“.
Strong message from Curva Sud to #Calhanoglupic.twitter.com/SlUJzprFzW
— MilanReports (@MilanReportscom) November 8, 2021