Ремзи не е во плановите на Алегри, Велшанецот оваа сезона настапи само на пет меча во сите натпреварувања, а од тие само еднаш беше стартер.
Јувентус сака да се ослободи од Ремзи поради големата плата која ја добива тој, таа изнесува 10 милиони евра годишно.
Иако неговиот договор трае до 2023 година, Јувентус е подготвен да го ослободи уште во јануари и тој да може како слободен играч да замине со цел да се ослободат средства за ангажман на Погба следното лето.
Но, Ремзи би заминал на таков начин само доколку се најде клуб кој би му ја изедначил платата која ја добива во Јувентус.
Единствен клуб кој во моментов тоа би го направил е Њукасл, се шпекулира дека токму тие сакаат да се засилат со Ремзи во јануари.
Њукасл постепено планира да се засилува, а главната цел оваа сезона е опстанок во Премиерлигата. Во Ремзи се гледа како идеално засилување за почетокот на новата ера на клубот.