Нуно Еспирито
Санто си замина од Вулверхемптон по четири сезони во тој клуб, а таму запиша
доста успеси на „Молењу“, но потоа се реши за нов предизвик во Тотнем, но
неговата авантура на клупата на „Спарси“ траеше само четири месеци, по што беше
наследен од Антонио Конте.
47 годишниот
португалски фудбалски стратег вели дека фудбалот е најбезмилосниот спорт во
светот, а додаде дека со нетрпение го чека новиот предизвик.
„Изминативе
седмици беа бурни, токму затоа фудбалот е најбезмилосниот спорт, а само пред
неколку седмици ја добив наградата за најдобар тренер во месецот“ напиша
Португалецот во својата објава на социјалните мрежи.
„Тоа е животот,
со нетрпение го чекам мојот следен предизвик, а во оваа прилика би сакал да им
се заблагодарам на навивачите на Тотнем, кога се приклучив на тој голем клуб
јас имав визија да донесам трофеи во истиот, но работите не одеа според
посакуваниот план“ додаде тој.
„Ние сите живееме
и учиме, уште еднаш ви се заблагодарувам на поддршката“ заврши Нуно Еспирито
Санто.