79
Пред повеќе од шест години, Чави и кажа збогум на Барселона како играч, денеска се врати како тренер и ќе треба да помогне клубот да се врати на победнички патеки.
На средбата со новинарите, тој откри дека добил примамлива понуда, да го предводи Бразил, но кажал НЕ поради Барса.
„Точно е дека добив понуда од Бразил. Разговарав со луѓето од федерацијата. Идеата беше да му бидам асистент на Тите и потоа по крајот на Светското првенство да го превземам кормилото. Но го одбив овој предлог бидејќи приоритет ми беше да се вратам во Барса“ – рече Чави на денешната прес конференција.