На Камп Ноу пред повеќе од 25.000 фанови Чави го потпиша договорот со Барселона.
„Ова е остварување на сoнот. Во 2015 година, мојот сон беше да се вратам со најголемата одговорност и возбуден сум поради тоа“, вели Чави.
„Треба да работиме напорно. Со нетрпение чекам да почнам. Чувствувам дека Барса е мој дом, но знам дека имам многу голема одговорност. Знам дека дојдов во комплициран момент за клубот, но се чувствувам подготвено“.
„Мојата ДНК не е променета. Идејата да се биде протагоност, да се има топката, да се креираат шанси, интензивна Барса. Треба да вратиме многу работи“.
„Тоа што го знам клубот мислам дека ми е предност. Го знам од внатре и надвор. Ќе имаме интензивни моменти, но треба да бидеме заедно, да одиме во иста насока. Треба да бидеме едно, да освојуваме титули“.
„Предност е што ги знам фудбалерите. Бускетс, Пике, Алба и Тер Штеген ми беа соиграчи“.