Раниери: Арсенал не покажа почит, многу чудно

by
1 минути читање

Арсенал со гол на Смит Роу во првото полувреме дојде до победа од 1-0 против Ватфорд.

Но, Раниери смета дека голот на Арсенал крајно неспортски, тие ја исфрлија топката во аут за да му се укаже помош на повредениот Озан Туфан, а домашните фудбалери наместо да им ја вратат топката, направија акција и го постигнаа голот.

Раниери по крајот на мечот влезе во вербален дуел со Артета поради тоа.

„Ние ја шутнавме топката надвор од теренот и сите очекуваа дека Арсенал ќе ни ја врати. Сисоко и Роуз рекоа: „вратете ни ја топката, ние ја шутнавме, имаше повреден фудбалер“. После тоа ситуацијата беше многу чудна“, рече Раниери.

„Имаше центаршут, Кико Феменија ја удри топката со глава, Сар ја зема топката и според мене тука имаше голем фаул, но ништо не се случи и тие дадоа гол. Многу, многу чудно“.

„Мојот однос со Артета е многу добар, но му кажав дека немаа почит поради тоа што не ни ја вратија топката. Тоа беше класично непочитување, само тоа имам да кажам“.

Артета потоа се извини и рече дека неговите фудбалери немале намера, било несакајќи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани