Клоп смета дека судиите направиле две големи грешки кои на крајот влијаеле на резултатот.
Тој смета дека првиот гол на Вест Хем е фаул врз Алисон, а Кресвел требало да добие црвен картон за неговиот остар старт.
„Првиот гол беше фаул врз голманот. Како Алисон да ја фати топката кога некој му го влече рамото. Нема смисла. Изговорот е дека ВАР смета дека тоа не е чиста ситуација, па што треба да се случи за да биде чиста?“, вели Клоп.
„Што може да направи Алисон? Затоа голманите се заштитени во оовие моменти“.
„Луѓето ќе речат дека барам изговори, но не е таа. Прифаќам дека кога не сме доволно добри губиме натпревари. Го прифаќам овој пораз, но кога зборуваме за ситуации во мечот, потребни ви се нормални одлуки, а тоа не се случуваше“.
„Кресвел? За мене тоа е непромислен старт. Дури и да одел на топка, не можете да одите на тој начин. Ја допре топката, но треба да го контролирате и телото во такви ситуации“.
„Овие две ситуации влијаеа на натпреварот, но Вест Хем се бореше за овие три бода. Тие не се одговорни за одлуките на ВАР“.