Ванда Нара со провокација до Икарди: Објави фотографија со поранешниот сопруг Макси Лопез (ФОТО)

by
1 минути читање

Синоќа беше
објавено за нов пресврт во сагата помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара,
атрактивната блондинка решила да се раздели од фудбалерот на ПСЖ откако добила
мејл со докази дека напаѓачот се сретнал со Чина Суарез во хотел во Париз.

На социјалните
мрежи сега има нови индикации дека работите одат во овој правец, Ванда Нара
објави фотографија од поранешниот сопруг Макси Лопез и нивните три деца
Валентино, Константино и Бенеденто, како и новата девојка на фудбалерот,
моделот Даниела Кристиансон.

Макси Лопез и
Ванда Нара долго време беа во „војна“ поради начинот на кои се разделија,
односно таа направи големо неверство, го остави и започна врска со неговиот
добар пријател и колега Мауро Икарди.

Сепак, двајцата
сега се во добри односи, Макси Лопез направил голем гест, кога дознал за
кризата помеѓу Ванда Нара и Мауро Икарди, веднаш отпатувал во Париз и со себе
ги земал трите момчиња, за да им остави простор да ги надминат проблемите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани