718
Договорот на Брозовиќ со Интер истекува по крајот на оваа сезона, а тоа го прави интересен за повеќе клубови.
Хрватскиот фудбалер се уште не постигнал договор со Интер за продолжување на соработката, а како одминува времето шансите за тоа стануваат се помали.
Од јануари тој ќе може да почне и официјално да преговара со други клубови, а по крајот на сезоната да замне како слободен играч.
Последните информации во врска со Брозовиќ велат дека Атлетико Мадрид му нуди двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
Покрај Атлетико Мадрид, се верува дека интерес има и од Манчестер јунајтед, ПСЖ и Барселона.