Вилаш Боаш му кажа на Конте што е најголемиот проблем кај Тотнем

by
1 минути читање

Португалскиот стратег, Андре Вилаш Боаш една сезона и неколку месеци беше тренер на Тотнем пред да добие отказ. Од мај 2012 до декември 2013 година.

Тој го предупреди Конте дека најголем проблем за него може да биде сопственикот Даниел Леви.

„Ова ќе биде голем предизвик за Антонио кој веќе има титула во Премиерлигата, а сега се враќа в клуб со најубав стадион и најмодерен тренинг центар“, вели Вилаш Боаш.

„Во клубот работеа тренери како Покетино и Мурињо, не сакам јавно да го критикувам Леви, затоа што секој има свои предности и слабости, но Даниел не е човек со кој лесно можеш да излезеш на крај, постојат работи кои се кажуваат смирено, очи во очи, но со него не е секогаш така“.

Се чини дека ова навистина ќе биде најголем предизвик за Конте и од тој аспект со оглед на тоа што Италијанецот важи за тренер со голем барања и поради неисполнети трансфер желби и недоволна поддршка за креирање на тим каков што посакува со кавга си заминуваше од претходните клубови, поебно од Јувентус и Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани