Тотнем почна фуриозно, поведе со 3-0, но Витесе постигна два гола и намали на 3-2, тоа беше резултатот од првиот меч. Потоа домаќините добија и црвен, гостите напаѓаа кон израмнување, но трите бода останаа во Северен Лондон.
„Ова беше луд натпревар, вообичаено не сакам вакви мечеви, луд натпревар значи дека се може да се случи. Но во исто време мислам дека требаше да победиме, и победивме. Водевме со 3-0 и тие дадоа два гола кои можевме да ги избегнеме“, вели Конте.
„По црвениот картон бевме во неволја, но мислам дека оваа победа во која страдавме е добра за тимот, за овие фудбалери, и тие треба да стекнуваат поголема самодоверба. Мислам дека треба доста работа и треба да најдеме време за работа“.
„Според мене имам многу простор за напредок на тимот и напредок на секој фудбалер“.
„Не е лесно бидејќи за два дена треба да се подготвиме за Евертон. Тоа е еден ден, бидејќи утре е невозможно да се тренира со играчите кои играа вечерва бидејќи потрошија многу енергија“.
„Потребно ни е малку трпение бидејќи треба да работиме на многу аспекти, тактички и физички, и барам од играчите да го разберат тоа“.
„Но јас не се плашам од работа бидејќи во мојот живот знам дека само преку работа се стигнува до важни цели“.