Проблемите за Црвена звезда почнаа уште во 12. минута кога Дегенек стартуваше како последен играч и заработи директен црвен картон.
Единствениот гол се случи во 56. минута кога Канга со глава си даде автогол по еден шут од слободен удар на гостите.
Во судиското продолжение Гобељиќ заработи втор жолт, па Црвена звезда со девет фудбалери го заврши мечот.
И покрај поразот, Црвена звезда е на второто место со седум бода.
— SportBot (@SportBot11) November 4, 2021
На втората позиција во својата група се качи Динамо Загреб кој со 3-1 беше подобар од Рапид Виена. Ристовски на теренот остана до 89. минута, Адеми не игра поради повреда.
Рапид поведе во 8. минута, но Динамо Загреб со голови на Петковиќ и Андриќ уште во првото полувреме го сврте резултатот, а победа од 3-1 ја запечати Сутало во 83. минута.