205
Лајпциг со гол од пенал во судиското продолжение дојде до 2-2 против ПСЖ, но на натпреварот можеше се да се случи, да, победат и домаќините, и гостите, па се чини дека ремито е реален исход.
Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш неколку пати во текот на мечот гневно реагираше на судиските одлуки, а доби и жолт картон. Неговиот впечаток е дека судиите им помагаат на поголемите клубови.
„Имам впечаток дека судиите судат во полза на поголемите клубови, а на штета на малите. Тешко е да добиете почит од судиите. Ми изгледаше како судијата да сака да добие автограм од Нејмар“, изјави Џеси Марш.