Напаѓачот на
италијанскиот прволигаш Рома, Тами Абрахам имаше очаен настап во дербито против
Милан во Серија А, со тоа што „Римската волчица“ запиша пораз на свој терен од
1-2.
„Беше толку безопасен што го убеди Мурињо да го повлече од игра“
Дел од
гледалиштето на „Олимпико“ го испратија младиот Англичанец со свирежи при
неговото излегување од игра во 62 минута, а како што и самиот тој вели, тоа се
моменти од кои се учи многу.
„Тоа се моменти
кога учите повеќе, за мене ова е најдоброто време да покажам лидерство и да му
помогнам на тимот“ рече Абрахам.
„Се случува,
понекогаш поминуваме низ тешки мигови, а работите сега се подобри, јас сум
фудбалер кој сака да се бори со предизвиците, а секогаш да ги ставам настрана
проблемите“ додаде напаѓачот.
„Чувствувам љубов
кон овој клуб уште од првиот ден, не ја кријам пасијата кон овој клуб“ заклучи
Абрахам кој досега на 15 меча во сите конкуренции потпиша четири погодоци за
италијанскиот прволигаш.