Фудбалерите на
Манчестер јунајтед добро се испотија за да освојат бод на гостувањето кај
Аталанта во ремито со резултат 2-2 во четвртото коло од групната фаза во Лигата
на шампионите.
Пол Погба одново
ги разочара навивачите на „Црвените ѓаволи“ со своето очајно издание, а
Французинот беше повлечен од игра во 69 минута, а поранешниот легендарен
фудбалер на Премиерлигашот, Пол Сколс воопшто не се штедеше во критиките кон
него.
„Потребен му е
некој постојано да му зборува, некој кого тој целосно го почитува, некој кој е
доста искусен“ рече Сколс за „БТ Спорт“.
„Тој е навистина
фудбалер со големо искуство зад себе, но и 35 години да има ќе ги прави истите
глупави работи, а претпоставувам дека луѓето веќе го знаат тоа“ додаде Англичанецот.
„Најважната
работа кај еден фудбалер е концентрацијата, во Јувентус беше одличен, а токму
затоа Манчестер јунајтед го ангажираше, но погледнете ги фудбалерите кои беа
околу него, како Пирло, Кјелини, Буфон, еден агресивен тренер покрај него кој
ќе му зборува постојано, тоа му е потребно, а ќе му биде потребно до 35 години“
заклучи Сколс.