Емери се налутил поради аматерскиот однос на Њукасл, решил да остане во Виљареал

by
1 минути читање

Изминативе
денови, Унаи Емери се најавуваше како нов тренер на Њукасл, се говореше дека
клубот од Сент Џејмс Парк ќе ја плати неговата откупна клаузула вредна 6-7
милиони евра.

Сепак, медиумите
од Шпанија пренесуваат дека стратегот решил да не ја менува средината, и по
синоќешниот триумф над Јанг Бојс во Лигата на шампионите, Унаи Емери разговарал
со раководството и ги известил за својата намера.

Околу 1 часот
утрово, тој му се јавил на сопственикот на клубот, Фернандо Роиг и му кажал:
„Останувам во Виљареал“.

И додека едни
извори пренесуваат дека тој има одредена резервираност за проектот на Њукасл, се
појавуваат и стории кои велат дека тој се налутил поради аматерскиот однос на
клубот од Сент Џејмс Парк.

Му пречело тоа
што од Сент Џејмс Парк постојано протекувале информации, особено пред важен
натпревар од Лигата на шампиони. Не му се допаднало тоа што се појавувале
детали во медиумите од Англија, како и тоа што кружеле најразлични гласини и
лажни вести, од наводната видеоконференција па се до тоа дека веќе во четврток
ќе го предводи тренингот и ќе биде на кормилото на Њукасл во сабота против
Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани