Кристијано
Роналдо има одличен голгетерски скор по враќањето на Олд Трафорд, но многумина
сметаат дека тоа што ЦР7 не помага во одбрана и не се залага доволно во
дефанзива, преставува проблем за Манчестер јунајтед.
Португалецот
синоќа одново ги спаси „ѓаволите“, во 91. минута погоди против Аталанта за 2-2,
а беше и стрелец на голот со кој гостите изедначија на 1-1 во финишот од првото
полувреме.
По крајот на
натпреварот, Џан Пјеро Гасперини даде свое видување и рече: „Слушам како некои
велат дека тој бил проблем, замислете Роналдо да биде проблем! Па тој ретко
промашува, од 10 удари, 9 му се во рамка на голот. Пет удари му се гол, пет ги
брани голманот“.
Двајцата се прегрнаа и имаа
краток разговор на патот кон соблекувалната, а тренерот на Аталанта открива
што му дофрлил.
„Му кажав нешто
на италијански, ќе треба да го цензурирам за на телевизија, во суштина му кажав
„оди по ѓаволите““.
За испуштената
победа, тој вели: „Се чувствувам добро, секако, доколку не беше овој момент на
магија на Роналдо, ќе беше уште подобро. Победа ќе беше нешто посебно, но горди
сме. Можам да кажам 80% сме среќни и 20% жалиме, разочарување е кога ќе примите
гол во судиското надополнување“.
„Победа ќе не
однесеше чекор поблиску до осмина-финале но се уште имаме шанси, сами
одлучуваме“.