Манчестер јунајтед во судиското продолжение се спаси од пораз против Аталанта, спасителот повторно беше Роналдо.
Тој синоќа даде два гола, со кои дојде до бројката од 127 во дресот на Манчестер јунајтед и за еден гол го помина неговиот тренер, Оле Гунар Солшер кој има 126.
„Роналдо е неверојатен, ако има некој на кој сакате да му ја дадете топката во последната минута, тогаш тоа е тој. Тој е најдобриот голгетер кој постои, и тоа ми е тешко да го кажам бидејќи со овие два гола ме помина мене, сега има еден повеќе од мене за Манчестер јунајтед, но добро“, малку и се пошегува Солшер.
„Последниот гол, беше Мајкл Џордан момент кога тој освојуваше шампионати во продолжението. Никој не смее да го доведе во прашање однесувањето и карактерот на овие играчи, тие никогаш не се предаваат, некогаш играме подобро од денес, но додека го гледам ова однесување од фудбалерите, квалитетот ќе дојде“.