Баерн Минхен со максимални 12 бода на две кола до крајот обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Вечерва беа убедливи против Бенфика славејќи со 5-2.
Хет-трик постигна кој друг ако не Роберт Левандовски кој имаше и промашен пенал. Во листата на стрелците се запшаа и Гнабри и Сане со по еден погодок. Головите за Бенфика беа дело на Морато и Нуњез.
Место меѓу 16 најдобри обезбеди и Јувентус кој со 4-2 беше подобар од Зенит.
Два гола даде Дибала, по еднаш погодија Киеза и Мората. Бонучи си даде автогол, а во судиското продолжение за гостите погоди и Азмон.
Барселона дојде до многу важна победа од гостувањето кај Динамо Киев каде победи со 1-0 со погодок на Ансу Фати во 70. минута.
Лил со пресврт дојде до победа од 2-1 кај Севиља. Окампос донесе водство за домаќините, Давид и Иконе го свртеа резултатот.