Аталанта и Манчестер јунајтед одиграа интересен, борбен натпревар во кој главната улога ја имаше Кристијано Роналдо.
Домаќините подобро го започнаа мечот, а тоа резултираше со погодок на Иличиќ уште во 12. минута од натпреварот. Де Хеа киксираше.
Пред самиот крај на првото полувреме, убава акција, асистенција на Фернандеш до Роналдо кој постигна гол за израмнување на 1-1.
Во 56. минута неуспешна офсајд замка на дефанзивците на Манчестер јунајтед, Запата погоди и го врати водството на Аталанта.
Кога се чинеше дека бодовите ќе останат во Бергамо, Роналдо во 91. минута погоди за конечни 2-2.
Фантастичниот Португалец уште еднаш го спаси Манчестер јунајтед.
Во другиот меч од оваа група, Виљареал со 2-0 го победи Јанг бојс, головите ги постигнаа Капуе во 36. минута и Данџума пред самиот крај.