Поранешниот
напаѓач Ернан Креспо смета дека Златан Ибрахимовиќ е апсолутен феномен, со тоа
што 40 годишниот актуелен шведски напаѓач и натаму импресионира во Серија А во
дресот на Милан.
„Ибрахимовиќ е
апсолутен феномен, да го правите тоа на 40 години, во италијанското првенство,
што е едно од најтешките во светот, тоа е навистина неверојатно…“ рече
Креспо.
„На секој меч,
дури и на оној каде не е одличен на теренот, тој секогаш се труди да биде на повисоко
ниво од останатите свои соиграчи и противници, тој дефинитивно е на едно
поинакво ниво“ додаде Аргентинецот.
„Кога игравме
заедно во интер, тој веќе беше докажан шампион, но ја немаше таа природност во
него, како и способност да го предводи тимот, на начин на кој тоа сега го прави
во Милан, сега е поинаку, неговите соиграчи во Милан треба само да го следат за
да продолжат со развојот“ заклучи Креспо.