Тотнем уште минатото лето се обиде да го ангажира Конте, но тогаш италијанскиот стратег одби. Тој вели дека тоа го направил порад емоциите кои уште ги имал по разделбата со Интер и сакал да одмори извесно време.
„Екстремно сум среќен што се враќам на тренерската работа и тоа во клуб од Премиерлигата кој е амбициозен. Тотнем има највисоко квалитетни услови и еден д најдобрите стадиони во светот. Не можам да дочекам да почнам да работам со тимот и да ја почувствувам пасијата на фановите, менталтетот и посветеноста која секогаш ме фасцинирала како играч и тренер“, вели Конте во дел од изјавата.
„Минатото лето не дојдов поради тоа што емоциите од разделбата со Интер се уште беа големи и чувствував дека не е вистинско време да ѝ се вратам на работата“.
„Но заразниот ентузијазам и одлучноста на Даниел Леви во желбата да ми ја довери оваа задача ме погодија. Сега повторно добив шанса и одлучив да ја прифатам со голема убеденост“.
Спортскиот директор на Тотнем, Фабио Паратичи кој работеше со Конте заедно во Јувентус, е среќен што Италијанецот е нов тренер на тимот.
„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Антонио во клубот. Неговите постигнувања говорат за него, со искуствата и освоените трофеи и во Италија и во Англија. Ги знам од прва раа квалитетите на Антонио кои може да ни ги донесе во клубот, работев со него во Јувентус и со нетрпение чекам да следам неговата рабоота со нашата талентирана група на фудбалери“, изјави Паратичи.