97
На натпреварот против Лил, Меси играше само во првото полувреме по што беше изваден. Покетино на прес-конференцијата тогаш рече дека се работи за повреда.
Француските медиуми сега јавуваат дека станува збор за повреда на коленото која Меси ја влече долго време и во одредени периоди болката е поголема. Се работи за повреда од удар на меч од Копа Америка против Венецуела.
Врз Меси ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди како ќе се лечи повредата. Засега е сигурно дека тој го пропушта мечот со Лајпциг, а можно е да паузира и неколку недели.