Милан е заинтересиран за двајца фудбалери на кои им истекуваат договорите во јунив

by
1 минути читање

Во последно време стана хит да се ангажираат фудбалери откако ќе им истече договорот а и самите играчи целат на тоа со цел да изнудат поголема плата.

Милан така го загуби Донарума, а реални се шансите и Кеси да си отиде како слободен играч.

Но, росонерите не седат со скрстени раце, и тие планираат да нападнат и да ангажираат играчи на кои им истекува договорот по крајот на сезоната.

Милан е заинтересиран за Текатито Корона од Порто кој нема намера да продолжи во Португалија и сака преселба во некоја од најдобрите лги.

Покрај Милан, интерес за Корона има и од Севиља.

Вториот фудбалер на листата е Бубакар Камара од Марсеј. За 22-годишниот фудбалер Милан ќе има многу поголема конкуренција бидејќи интерес за него има и од Баерн Минхен.

Марсеј се уште се надева дека ќе го убеди Камара да стави потпис на нов договор, но веќе од јануари тој слободно може да преговара и со други клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани