Тиаго Пинто: Тука во Италија никој не го разбира критериумот на судиите

by
1 минути читање

Италијанските медиуми го искритикуваа Мареска кој нема да биде делигиран најмалку во наредните две кола од Серија А поради лошото судење на мечот меѓу Рома и Милан.

Мурињо беше бесен на судењето, но не сакаше да критикува во детали, тоа го направи дефанзивецот Манчини, а сега и спортскиот директор Тиаго Пинто.

„Сакам да кажам дека фудбалерите на Милан одиграа одличен натпревар и можеби заслужија да победат. Како и да е, има нешто што треба да се каже за судиите“, вели Пинто за „Скај Спорт Италија“.

„Ова не е за да ги сокриеме нашите слабости, ние сме професионалци и сакаме да напредуваме, но не можеме да го криеме она што се случи во неделата“.

„Зошто критериумот на судиите е толку различен? Еднакви ситуации во Серија А имаа тотално различен критериум. Луѓе со многу поголем кредибилитет од мене зборуваат за критериумите тука споредувајќи ги со другите лиги и Лигата на шампионите“.

„Никој не ги разбира критериумите на судиите тука во Италија. И не можам да го скријам фактот дека за време на 11. натпревари досега имаше ситуации во кои Рома беше јасно оштетена“.

„Како што ние треба да се подобруваме, време е да кажаме и доста е, Рома заслужува почит“.

„И ова не е проблем само за Рома, се надевам дека сите заедно ќе се обединиме за да се реши овој проблем со судењето, во спротивно се губи кредибилитетот“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани