Што се случува со Иско?

by
1 минути читање

Се шпекулираше за заминување на Иско во минатиот преоден рок, но фудбалерот сакаше да остане и да работи со Карло Анчелоти со кој имаше одличен однос во првиот престој на Италијанецот во Реал Мадрид.

И соработката со Анчелоти почна одлично, на првите натпревари од сезоната Иско беше стартер иако не ги завршуваше натпреварите до крај, но како одминуваше времето тој ја губеше довербата на Карло.

Од последните десет натпревари на Реал Мадрид, Иско играше само на три и тоа Валенсија (12 минути), Мајорка (18 минути, постигна и гол) и Виљареал (9 минути). Мечот против жолтата подморница беше на 25 септември, тоа е последниот настап на Иско, кој нема минути во Лигата на шампионите.

Причина беа и интензивните болки во грбот кои му правеа проблеми и претходно во кариерата. Од последниот настап на Иско, Реал Мадрид одигра четири меча во Ла Лига, тој на последниот дуел со Елче се врати на клупата, но не влезе во игра. 

Иско стана последната опција на Анчелоти во ротацијата од средниот ред, со исклучок на повредениот Себаљос. Касемиро, Крос и Модриќ вообичаено се стартери, а потоа се Федерико Валверде и Камавинга.

Очекувањата се дека во наредниот период можеби Иско ќе врати дел од минутажата, но ќе остане само опција која повремено ќе влегува во игра.

Ова ќе биде последна сезона на Иско во Реал Мадрид, неговиот договор со клубот истекува во јуни 2022 година и следното лето може да замне како слободен играч. Не се исклучува можноста за трансфер уште во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани