Емери е прв фаворит за клупата на Њукасл?

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на шпанскиот прволигаш Виљареал, Унаи Емери наводно е прв
фаворит за преземање на кормилото на Њукас, односно наследник на Стив Брус.

Потрагата по нов
тренер во Њукасл веќе ќе влезе во третата седмица, со тоа што новото
сопствеништво на клубот засега не е близу назначување на нов тренер кој ќе ги
искачи во горниот дел од табелата во Премиерлигата.

Иако шпанскиот
фудбалски стратег има важечки договор со Виљареал до 2023 година, сепак новите
сопственици на Њукасл немаат ништо против да исплатат обештетување за да го
обезбедат потписот на поранешниот тренер на Арсенал.

Ерик тен Хаг,
Лусијен Фавре и Роберто Мартинез исто така се дел од кандидатите за преземање
на кормилото на Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани