По поразот од
Манчестер јунајтед во саботата, почнаа шпекулациите дека му се подготвува отказ
на Нуно Еспирито Санто, а утрово приситигна и официјална потврда за разделбата.
Низ медиумите
кружат неколку имиња како кандидати за нов тренер на Тотнем, а според новинарот
Николо Шира, Антонио Конте е прва желба на спортскиот директор Фабио Паратичи.
Двајцата добро се
познаваат од времето во Јувентус, имаа добар однос и Фабио Паратичи го притиска
својот сонаордник да потпише со „спарси“.
Николо Шира вели
дека Антонио Конте поставил неколку услови за да каже ДА и бара договор на три
години како и плата од 15 милиони евра по сезона.
Стратегот особено
инсистира да добие гаранции за големи инвестиции во зимскиот преоден рок и
ангажман на 3-4 засилувања.
И добро упатениот
новинар Фабрицио Романо вели дека Антонио Конте е целта број 1, и бордот на Тотнем
е убеден дека ќе го ангажира Италијанецот. Преговорите се во тек, стратегот
бара долгогодишен договор и големи планови за зимскиот преоден рок.