81
Заврши серијата без пораз на домашен терен на Жозе Мурињо во Серија А која траеше 43 натпревари. Милан со 2-1 ја победи Рома на Олимпико.
Имаше ситуации за дискусија, дали Милан заслужи пенал, и дали ако тоа беше најстрога казна по тој критериум и Рома требаше да добие пенал во самиот финиш. Португалецот одби да го коментира судењето, но неговиот став е јасен.
„Честитки за Милан. Не сакам да кажам ништо друго бидејќи во спротивно нема да бидам на клупата следниот меч“, изјави Мурињо.
„Не игравме добро, но оставивме се на теренот. Тоа е се“.