Првпат по враќањето од повредата Барди се врати во стартниот тим на Леванте, постигна два гола од пенал со кои не му дозволи на Атлетико Мадрид да победи.
Но не беа само головите, Барди одигра одлично во текот на целиот натпревар и на крајот тој ја доби наградата за играч на мечот.
По натпреварот, тренерот Переира не штедеше пофални зборови за Барди.
„Барди е играч кој е над нормалното ниво на тимот. Тој е фудбалер кој ви покажува нешто различно на теренот, кој ве учи, кој гледа додавање таму каде што никој не може да види, тој е карактер. Барди е добар шутер и од слободен удар од пенал. Во ниту еден момент не сум се посомневал во тоа. Бев многу смирен кога двапати тргна да го шутира пеналот. Беше одважен и со голема самодоверба двапати совлада голман каков што е Облак“, изјави Переира за Барди.
Во Левант се надеваат дека ова реми со Атлетико Мадрид може да биде пресврт во сезоната која ја започнаа лошо. Се уште чекаат на својата прва победа.