Азар во јануари би можел да се врати во Челси, а Белгиецот има и друга опција во Премиерлигата

by
1 минути читање

Шефот на стучниот
штаб на Реал Мадрид, Карло Анчелоти јавно обелодени дека единствениот проблем
на Еден Азар е фактот што неговиот тренер преферира други фудбалери наместо
него, а тоа јасно наведе дека Белгиецот засега не е приоритет во изборот на
Италијанецот.

Со самото тоа, на
Островот пишуваат дека Челси се мобилизирал во однос на можноста да го врати
назад Белгиецот уште во јануарскиот преоден рок, а опција за офанзивецот е
воедно и Њукасл, од каде наводно исто така постои интерес.

30 годишниот Азар
не успеа да се наметне во дресот на „Кралевите“, а голем проблем му
претставуваа повредите, со тоа што на 52 настапи, Белгиецот успеа да постигне
само пет погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани